
Во моментов приоритет ставаат на промоцијата на фестивалската песна “Песно животе мој”, но велат дека тука не запираат. Профа бенд најавуваат и нови песни во периодот кој следи.
Профа бенд работат со полна пареа. Тие за следниот период најавуваат нови авторски песни, а во моментов нивни приоритет е промоцијата на “Песно, животе мој” за којашто снимија спот со ИН Продукција.
-Приоритетот беше ставен на оваа песна и видео записот. Имаме во план нови песни да се прават меѓутоа сеуште ништо не е започнато, има време.-истакна младата и талентирана пејачка, Теодора Велкоска.
Песната беше изведена на Лешочки фестивал, а Профа бенд добија доста пофалби од публиката. Со промоцијата на спотот која ќе се случи деновиве на сателитската ИН ТВ, очекуваат уште поголема гледаност и слушаност на песната.
-Се надеваме и на уште поголема гледаност и да се рашири едноставно песната секако со спотот. Се надеваме на голем успех.-вели Горан Делевски, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Инаку, Профа бенд се добропознати кај јавноста по бројните настапи на семејните прослави и локалите низ целата земја.