По Малта, следна патувачка дестинација за Ирена е Рим

Please follow and like us:
Pin Share

Како што кажа при нејзиното гостување во ИН продукција во летниот период, така и направи.

Фолкерката Ирена Спасовска есенскиот дел и покрај настапите , одвои време да отпатува на одмор во Малта, а како следна дестинација ја најавува и Рим, на кратко патување.

-Во Малта си ги наполнивме батериите. Потоа планирам да одам до Рим, на оние “сити брејк” тури кои што ете да речам, октомври и ноември месец се идеално за да се  видат и знаменитостите на дсругите меторополи. Не е само лежење на плажа и тоа малку заморува. Не дека не сакам море и езеро, но сепак тоа не мора да биде упорно. Сега и еднаш да отидам е доволно и тоа е еден вид релаксација, истакнува Ирена.

За периодов кој следува одо овој есенски дел, покрај настапите на домашен терен Ирена ги издвојува и кратките турнеи во Швајцарија во месец ноември и во Штудгард, во месец декември. Кратките турнеи ми се мене најслатки, кои покрај настапот можам и да го разгледам градот каде настапувам и да си дојдам назад дома, додава Ирена.

Секако најавува и снимање на нови песни.

Please follow and like us:
Pin Share