Рита Ора e првата жена на насловната страница на арапскиот „Esquire“

Please follow and like us:
Pin Share

Арапското издание на „Esquire“ првпат става на својата насловна страна една жена, Рита Ора.

Светски познатата пејачка, сними секси фото-сесија пред објективот на Сајмон Диселтон, откривајќи го голиот грб и малку провокативното деколте.

27-годишната ѕвезда промени неколку возбудливи визии создадени од стилистот Карен Кларксон. Меѓу нив е драматичниот црн фустан од „Ив Сен Лоран“.

Во интервјуто за изданието, Рита Ора го коментираше објавувањето на новиот албум по шестгодишна пауза.

„Се чувствувам како дебитантка. Не бев сосема сигурна каде ми е местото, откако мина толку време откако сум пуштила музика. Но овој пат сé ќе биде различно. Се обидувам да го модернизирам начинот на кој се прави музика овие денови. Бидејќи со постојаната употреба на онлајн стриминг, сите правила паѓаат“, изјави Ора.

 

Please follow and like us:
Pin Share