
За разлика од преходниот период криетриумите драстично се изменети во поглед на аудиција и избор на тоа кој може и има глас за пеење.
Сега секој може да постане пејач, а порано не беше така, вели Катерина Брезева, женскиот вокал од групата “Соната”. Таа се навраќа наназад на времето од нејзините почетоци и како што вели, тогаш беше правилото , микрофонот или те сака или не те сака.
-Пејачите мора внимателно да се одбираат, затоа што во последно време гледам секој може да пее. Секој може да го има на телевизија. Порано не беше така. Јас на мои 14 години влегов во студио. Буквално ме видоа малечко детенце , тоа беше аудиција за Валандово, за првиот мој настап. Се сеќавам на зборовите кои беа буквално “сега микрофонот или те сака или не те сака”, разочарување нема, вели Кате.
Мислам дека порано беше така со речиси сте професии, не толку лесно можее некој да се појави во јавноста доколку не го бидува за тоа, вели Кате. Притоа додава дека во последно има голем број квалитетни пејачи и песни, само потребна е нивна поголем промоција според Кате.