
Актерката Лидија Вукичевиќ се одлучи повторно да си ја проба среќата во брачните води на 56 години.
Имено, Лидија повторно ќе застане на лудиот камен, но не го откри идентитетот на нејзиниот избраник.
„Точно е дека ќе има венчавка, но не можам да зборувам за тоа“, изјави актерката за „Ало“ и додава:
„Се уште го немаме одредено датумот, но ќе бидете известени. Можам да кажам дека сум среќна и дека после сите овие години во кои бев запросувана, одлучив да се омажам по втор пат“ изјави Вукичевиќ.
За потсетување, актерката претходно беше во брак со фудбалер со кого има два сина Андреј и Давид.