
Мадона потврди дека нејзиниот 14-ти студиски албум ќе биде објавен во 2019 година. Таа вети дека ќе го објави до крајот на оваа година.
Иако неодамна се појави во козметичката индустрија со сопствени парфеми и креми, Мадона рече дека не може да се откаже од музиката.
„Да, меѓу спрејовите со рози и серуми, всушност се занимавам и со музика. Не можам да се откажам од својата професија“, изјави 60-годишната Кралица на поп музиката пред „WWD“.
Претходниот албум на Мадона „Rebel Heart“ излезе во 2015 година. Во август таа рече дека нејзиниот нов албум ќе биде под влијание на португалската музика и во записите ќе учествуваат португалски музичари. Пејачката живее во Лисабон, бидејќи нејзиниот 12-годишен син, Дејвид, беше примен во фудбалското училиште во Бенфика.
Мадона ја изведе својата прва нова песна „Beautiful Game“ на добротворниот бал во Музејот на Митрополитот во Њујорк во мај, по 3 години пауза.