“Легато” бенд бележи добра соработка на музички план

Please follow and like us:
Pin Share

Бендот “Легато” од Мелбурн, Австралија кој што брои пет членови, постои повеќе од две години и се доста барани во оваа далечна земја, на речиси сите веселби и свечености. Особено карактеристично е тоа што бендот е составен од македонци кои потекнуваат западниот дел на Македонија, поточно од Битола и Охрид.

-Бендот брои пет члена. Имаме инструменти сите , хармоника, клринет, тапани, сајзери. Сите се членови македонци , од битолскиот и охридскиот крај. Добро соработуваме , се надвеам декаи во иднина ќе продолжи таа сорботка, истакнува Марјан Васковски, член на “Легато” бендот.

Како што додава Марјан задоволни се од сето досегашно реализирано на бендот , се разбира во музичка конотација.

-Се надевам дека и понатаму ќе создаваме и ќе твориме многу поубави и подобри и повесели песни. Други снимки и видео зписи сеуште немаме направено но со планот кој го имаме во наредните проекти се надевам дека ќе имаме многу богата кариера, додава Марјан.

Годинава бендот “Легато” сними спот за нивната нова заедничка песна “Песна за народот македонски” , кој што спот го реализираа во соработка со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share