
Ова е прва нивна наменска песна и очекуваат пред се да биде позитивно прифатена од публиката, но не го кријат задоволството доколку бидат поканети на турнеја во далечната земја Австралија. Групата “Тандеми”
кои неодамна снимија видео запис за нивната наменска песна “Гурбет” очекуваат позитивна критика од музичката јавност, со оглед на преголемиот труд кој го вложија во овој видео запис, како и пред се добро замисленото сценарио.
Видео записот е навистина како една сликовита приказна со самото тоа што се вклопи во прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс Св.Никита во скопскиот крај.
-Публиката е таа која што ќе оцени како е и што е, но од сегашната публика која што доаѓа тука бидејќи манастирот е доста посетуван, луѓето се збунија и мислат дека снимаме филм или македонски приказни, па морав да кажам дека ова е спот на Тандеми, истакна Горан.
Во видео записот покрај самите членови на групата Тандеми, учевствуваа и три девојчиња од КУД Скопје, кои ја дополнија целата приказна. Тандеми, очекуваат овој видео запис напрво да биде добро прифатен од публиката, но не ја исклучуваат и можноста видео записот да ги промовира надвор од нашите граници и да се пројави интерес за нивна турнеја во далечните земји.
-Сите прават некои наменски песни, ова е наша прва наменска песна. Досега сме немале ваков стил, единствено само “Илино моме” и мислам дека требаше да се закитиме со еден ваков видео запис и ваква песна. Па здравје, со Господ напред ако одиме ќе ви кажеме, додава Горан.
Неодамна групата “Тандеми” снимија и видео проект во соработка со ИН продукција.