
Аца Лукас посвети песна на Марина Туцаковиќ. Тој преку песната и упати поддршка на Марина за тешката битка која ја води со нејзината болест.
Аца Лукас, изминатата недела настапи во еден белградски клуб, кој, како и во секој каде пее, беше преполн со негови фанови. Лукас беше сјајно расположен, па енергијата ја пренесе и на публиката, но сите гости во еден момент, фолкерот успеа да ги растажи. Пејачот ја спомена Марина Туцаковиќ и пред собраните луѓе упати порака за поддршка.
„Морам да споменам една жена, која има напишано многу песни. Пет милиони песни. Тоа е се разбира, Марина Туцаковиќ. Таа сега е серизно болна и сите и посакуваме брзо опоравување. Ќе отпеам една песна која таа ја напиша“, изјави Аца Лукас и ја запеа „Сонце љубави“.
Од февруари, Марина Туцаковиќ ја води битката за својот живот. Славната авторка на најголемиот број на српски хитови, боледува од тешка болест, поради што на 5 февруари беше примена и оперирана на Институтот за онкологија и радиологија Србија.
Бројни јавни личности на Марина и упатија порака за поддршка, а меѓу останатите беа и луѓето од Гранд продукција.