Песната која ќе наежи секој македонец, “Велат не нема” првонаградена на Гоце Фест

Please follow and like us:
Pin Share

Влатко Миладоноски од Кичево на Гоце Фест 2018 освои прва награда од Публика со неговата композиција „Велат не нема“, како и уште две награди, за сценски настап и специјална награда од Здружението на деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Автори на песната се Златко Миладиноски-аранжман, Тоде Новачески-музика а текстот е на Крсте Наумоски-Мечкар. Сценскиот настап на Влатко, синоќа беше пропратен од страна на фолклорното студио Блажевски.

ИН продукција направи видео запис за оваа песна, на самиот настан на одржувањето на фестивалот. Во продолжение проследете го видеото и слушнете ја песната која буквално ќе го наежи секој еден македонец со силната порака која ја пренесува Влатко во песната.

 

Please follow and like us:
Pin Share