По многуте нејзини настапи во Турција, со право го понесе епитетот “кралица”. Татијана Стфановска отворено кажува дека таму е пречекана со голема гостопримливост и топлина, а најповеќе тоа се забалежува на нејзиниот фејсбук профил според пишаните постови.
-Малку и е незгодно заради тоа, меѓутоа толку ја почитуваат македонската песна. Еве ова јас го кажувам и сите колеги кои што биле таму, исто се нарекувани. Толку преголема почит имаат спрема нас што така не нарекуваат. Би било некромно да изјавувам како реагираат, затоа што навистина изгледа дека ќе звучи неверојатно. Како незнам која балканска ѕвезда да доаѓа таму. Нашето пријателство од тој момент останува вечно. Тие се наши гости , едноставно на човек кој што ти прави толку почит, не можеш да не му ватиш со истата мера, истакнува Татијана.
Како што додва Татијана, таму при настапите во Турција се зборува македонскиот јазик но не толку солидно , па токму поради тоа ги одбираат највпечатливите зборови , кои можеби звучат надмено. Сепак и останатите мои колешки кои настапуваат таму се нарекувани така, вели Татијана.
Татијана неодамна го снимаше нејзиниот најнов видео запис за фолк баладата “Си одам” во соработка со ИН продукција, а за периодов кој следува најави и две пократки турнеи надвор од нашата земја.