Актерот Сашо Ристовски најавува нов проект со ИН продукција

Please follow and like us:
Pin Share

Негов препознатлив белег се улогите кои ги играше во македонските народни приказни,одиграни преку 160 улоги во нив,  актерот Сашо Ристовски од неодамна го нема во приказните, со оглед на тоа што веќе е на

раководната функција на Тетар Комедија Скопје. Како што додава Сашо, тој е целосно посветен на оваа раководна фунција , бидејќи сака да направи исклучително добра институција со реноме и принципи.

-Ме нема одреден период со нови приказни бедејќи имав други обврски кои сметам дека треба максимално да бидам посветен , бидејќи мојот принцип за работа е кога работам нешто сакам целосно да бидам посветен , дека само така можеме да бидеме и добиеме резултат. Ме натераа во моментот да снимам нови приказни а и луѓето ме прашуваат зошто. Приказните ми ги будат чувствата да снимам нешто ново. Со ИН продукција имавме еден многу убав проект и се надевам дека повторно ќе снимам, ветувам дека наскотро ќе го почнеме тоа снимање бидејќи им го должам тоа на публиката, вели Сашо.

Како што додава актерот , има преголем материјал за снимање на нови приказни, како тематики кои сеуште не се третирани. Притоа напоменува дека кога станува збор за македонските народни приказни во голема мера мора да се запази на говорот , тематиката но и пораката која се упатува преку нив, бидејќи се гледани од најразлични возрасти.

 

Please follow and like us:
Pin Share