Дарко: Нема ривластво помеѓу нас како братучеди!

Please follow and like us:
Pin Share


Ако изминатиот век музичката естрада останува запаметена по легендата на македонската народна музика Војо Стојаноски, тогаш овој период со право може да се каже дека е под владение на неговите потомци од фамилијата Стојаноски. Секако тука се Дамјан и Дарко Стојаноски, како и нивните братучеди Влатко и

Златко Миладиноски, генерација која на големо ја пропагира исклучиво македонската изворна музика од кичевскиот крај, која за нив е како оставена од аманет на нивниот претходник Војо Стојаноски и Билјан кој сеуште е жив.

Впрочем и покрај тоа што сите звучат како грла нанатпеани, како што додава и самиот Дарко Стојаноски, помеѓу нив нема ривалство, ниту пак препрека за некоја песна.

-Не чувствувам ниеден како ривал од моите братучеди. Како соработници со сите соработувам , се консултирам најчесто за било што. Било тоа да е изворна песна  или друга си правам консулатција со стриковците , сега со мојот стрико Билјан Стојаноски, како и со Влатко, Златко , Дамјан сите. Ривалство не чувствувам кон ниеден друг, а најмалку кон тие што ми се најблиски, вели Дарко.

Дарко не ја исклучува можноста да сними некоја дует песна со своите братучеди. Може да биде некоја дует песна, ми недостасува со оглед на тоа што немам дует песна снимано досега, додава Дарко.

Please follow and like us:
Pin Share