
Американската пејачка Лејди Гага ги откажа последните десет концерти од светската турнеја заради здравствени проблеми.
Поп ѕвездата на Твитер навеа дека заради силни болки ги откажува концертите и дека мора да поведе сметка за сопственото здравје.
Во склоп на турнејата, биле планирани настапи во Лондон, Манчестер, Цирих, Келн, Стокхолм, Копехаген, Париз и Берлин.
Гага отворено говори за хроничните болки во минатото и потврди дека има фибромиалгија.
Иако фибромиалгијата тешко се дијагностицира, СЗО ја дефинира како синдром при кој има необјасниви и распростанети болки, постојан замор, општа утринска вкочанетост и точки на телото кои се болни на допир.