Црвени рози од учениците на Томислав Маниќ за 86. роденден

Please follow and like us:
Pin Share

Легендарниот пејач Томислав Маниќ за својот 86 роденден доби изненадување од учениците на кои им бил

класен. Генерацијата матуранти од 1979 година од економското училиште тогашно „Моше Пијаде“ го изненади, па му подготвиле забава-изненадување на својот класен. Го пречекале во ресторанот пеејќи го неговиот најголем хит „Црвени рози, за вас мадам“. За симболиката да биде уште посилна, му подариле уметничка слика и букет црвени рози.

„Четириесет години предавав историја во „Моше Пијаде“, а овој мој клас беше најуспешен во историјата на училиштето. Беа наградувани на ниво на Југославија и како награда, кога матурираа во 1979 година добивме седумдневна екскурзија на браната Ѓердап“, рекол Маниќ. Тој раскажа дека, му се јавил еден од учениците, и му рекол да дојде во ресторанот во ГТЦ, оти некој пријател скал да го види.

„Заминав во договореното време, и што да видам: на нозе ме пречека целиот клас пеејќи ја мојата песна „Црвени рози, за вас мадам“!, вели Маниќ. Му подариле и букет рози, за да биде  симболиката посилна. И денес се сеќавал на се от тоа врем и на својот кла, од тоа кој во кого се вљубил, кој по кој предмет добил единица, екскурзија на Ѓердап.

Please follow and like us:
Pin Share