Ед Ширан купил четири имоти за да направи совршен дом за саканата

Please follow and like us:
Pin Share

Светските медиуми пренесуваат дека Ед Ширан купил четири имоти за да направи совршен дом за свршеницата. Во неговото царство веќе има подземно кино, но и кафуле кое се наоѓа под земја.

Откако се сврши со Чери Сиборн, со која е во врска од 2015 година, ирскиот пејач Ед Ширан купи четири имоти, што се наоѓаат покрај неговата викендичка во англиското село Суфолк.
-Ширан планира да изгради царство за нивниот заеднички живот. Дури направи и подземно кино, а ќе засади и стебла од вишни во чест на девојката, која го доби името по ова овошје – им откри на медиумите негов близок пријател.


Соседите велат дека Ед е супермомче и секогаш е одлично расположен, а се шегуваат дека никој нема да се пожали доколку пушта гласно музика. Според нацртите што веќе протекоа во јавноста, Ширан има намера да изгради музичка соба и две простории за забава. Исто така тој на имотот има кафуле, што се наоѓа под земја, до каде што се стигнува низ тунел од куќата.
Ги набавив сите пива што ги сакам, па кога правам забава сите се селиме во подземното кафуле – изјавил Ширан.
Неговите пријатели велат дека тој сака да направи совршен дом, бидејќи наскоро планира да се венча со свршеницата, со која посакува да има и деца.

Please follow and like us:
Pin Share