Познатата пејачка Цеца Ражњатовиќ направи катастрофална модна комбинација. Таа веднаш се најде на мета на медиумите откако беше фотографирана по тренерки и бунда.

Цеца Ражнатовиќ секогаш ја гледаме во средено издание, но овој пат таа малку се опушти. Иако пејачката неколкупати изјави дека избегнува да носи тренерки и друга спортска облека, бидејќи не и доликува на нејзиниот сензибилитет, очигледно тоа не е во целост така.
Токму во едно такво неочекувано модно издание, Цеца ја изненади јавноста.
Облечена во тренерки и бунда, покажа дека и таа може да направи катастрофална модна грешка што веднаш се најде во медиумите.

