Јелена Карлеуша во првите редови на ревијата од Донатела Версаче !

Please follow and like us:
Pin Share

Јелена Карлеуша присуствуваше на ревијата од Донатела Версаче која се одржа во Милано. Таа седеше во првиот ред, а беше облечена во модел од најновата колекција на Версаче.

Добро познато е дека Јелена Карлеуша е голем вљубеник во модата и дека не се штеди да троши пари на скапи парчиња гардероба.

Имено, таа неодамна присуствуваше на ревијата на Донатела Версаче во Милано, за колекцијата есен зима.

Како што пренесуваат српските медиуми, наводно Јелена добила покана директно од Донатела, а како привилегија носеше и комбинација од најновата колекција која беше промовирана на пистата.

Карлеуша седеше во првите редови, место кое може да го добијат само познатите личности и оние со подлабок џеб.

Please follow and like us:
Pin Share