Марјан и Анета-Молика направија незаборавна забава во Аарберг, Швајцарија

Please follow and like us:
Pin Share

Викендов во Швајцарија на едно место се собраа огромен број македонци каде се одбележа јубилејот од 30 години на постоење на македонското друштво “Македонија” од Аарберг.

Забавата беше дополнително збогатена со настапите на Марјан Коцев како и Анета и групата “Молика”. Со ова Марјан го заокружи својот петти концерт од најавените 25 концерти по повод неговата јубилејна кариера од 25 години на музичката сцена.

Притоа Марјан задоволен од преубавиот провод со своја фејсбук објава напиша:

“Уште уден успешен концерт од мојата мисија број пет. Благодарност до целата управа на македонското “Македонија” Аарберг –Швајцарија. Ането и група “Молика” и до моите домаќини Давиткови. Се гледаме во некоја наредна прилика. Ве сака Марјан Коцев ”, напиша Марјан во својата објава.

Секако тој продолжува и понатака со својата голема мисија од вкупните 25 предвидени концерти за оваа година.

Please follow and like us:
Pin Share