Честа е голема што сме дел од ова мини Велигденско шоу на Спасен Силјаноски, вели Златко Јолакоски член од охридската група “Чардак”. Притоа тој додава дека и Спасен бил дел од нивниот јубилеен концерт па должноста кон него од групата е голема. Во рамките на тоа од страна на “Чардак” беше отпеана познатата песна “Шуби дуби дај”, која е доста прифатена и барана од публиката.

Инаку во периодов “Чардак” се константни со настапи во ресторан “Тино” Охрид ,а најавуваат и нова песна за многу брзо време.
Песната е скоро готова, снимени се пеењето и музиката останува уште малку дообработка и нејзина промоција , истакнува Златко. Тој открива и тоа дека станува збор за стара обработка на досега не препеана песна. Како што истакна промоцијата на песната ќе биде во нивно гостување на некоја од емисиите во ИН продукција.
