Во дел од Велигденското шоу на Спасен Силјаноски присувствуваше и големото фолк музичко име на македонската естрада Дарк Стојановски. Тој изјави дека со голема чест присуствува и настапува во шоуто на Спасен.
-Баш ми е мило и чест да бидам негов гостин воедно и ваш гостин, со задоволство ја прифатив поканата. Можам да кажам дека тука беше прекрасно и уживавме додека траеше ова шоу.

На репертуарот тој се појави со една песна која одлично се вклопува со велигденскиот празник. Неговата песна беше одбрана од страна на Спасен и е срекјен со неговиот избор на таа песна.
-Можам да кажам дека мојата песна е одбрана од страна на Спасен и мислам дека не направивме никаква грешка со тој избор, вели Дарко.
Во периодов кој следува Дарко најавува и нови песни кои се во завршни подготовки и кои набрзо ќе ги снима и промовира.
