Зад себе имаат голем музички репертоар, неколку свои видео проекти но и нови авторски, битолската група “Фаворити” се постојани во својата работа на музички пан. Овојпат тие одлучија да посветат повеќе внимание на себе со што најавуваат нови проекти , песни и спотови.
Деновиве ја промовираа новата песна “Еднаш се љубело”, а како што најавува фронтменот на групата Оливер, по подолгото негово усовршување на другите дувачки инструменти сега веќе е подготвен и за зурла и гајда.
Притоа на неговиот фејсбук профил објави и видео од нивната заедничка проба. Она што за многу брзо го најавуваат од “Фаворити” е снимање на нов спот за нивната песна “Малечка”.
