“Една Марија” наменета за фестивал но си доби видео запис

Please follow and like us:
Pin Share

Неодамна крушевската група “Црешово топче” го снимија новиот видео запис за песната “Една Марија”. Како што истакнуваат од групата песната првично била наменета да се отпее на некој фестивал во нашата земја, но сепак се одлучиле да се сними видео запис за неа.

-Оваа песна планиравме да биде на некој од фестивалите, меѓутоа одлуката падна заедно со членовите од групата да снимиме видео запис и на задоволство на сите гледачи да го промовираме и се надевам дека понатаму во иднина ќе имаме нови песни кои што ќе учествуваме и на фестивалите, но оваа одлука ја донесовме заедно со другите членови од групата велат од “Црешово топче”.

Како што додаваат не ја искучуваат можноста за понатака да настапат со нова песна на некој фестивал. Помеѓу другото групата сними и видео запис за нивното ново инструментално оро “Фанки деветка”, кое е интересна мелодија со примеси од фанки звук.

-Идејата пред се беше да се направи нешто помодерно. Нешто со примеси на народната музика како и примеси од модерниот звук. Тоа е моментално нешто различно од сите други во моментов, па ќе биде интересно и за гледачите и за слушателите, велат од групата.

Притоа на своите настапи групата, често го свири ова интересно оро при што реакциите биле најпозитивни, па од тука потекала идејата за да се сними и видео запис за “Фанки деветка”. Од “Црешово топче” најавуваат  снимање и понатака на нови македонски песни, како и нивно промовирање заедно во соработка со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share