Првите почетоци од групата “Ројал” ги започнале Тони и Роберт за потоа да се оформат како комплетна група од четворица членови. Како што истакнуваат музиката е токму таа која ги споила.
-Почетоците ни беа заедно со Роберт. Успеавме да достигниме некој , да речам со успех. Потрагата наредно беше Александар, кој многу брзо се снајдовме и со него. Најнов член во групата ни е Илија. Засега функционираме супер, се сложуваме и на пријателски начин и на музички, истакнува Тони.
Со оглед на преголемите обврски кои ги имаат сите членови од “Ројал бенд”, сепак тие наоѓаат соодветно време да застанат и да одвојат барем дел за она што навистина ги спојува.
-Нормално, тоа не ни е тешкиот дел од работата. Секогаш наоѓаме слободно време. Комуницираме пред се, си наоѓаме заедничко време, така да немаме некаков проблем околу тоа, додава Тони.
“Ројал бенд” деновиве снимаа видео проект со неколку одбрани македонски песни, со свадбарски призвук во соработка со ИН продукција.
