НЕДА УКРАДЕН ДОБИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Please follow and like us:
Pin Share

Српската пејачка Неда Украден доби награда за животно дело на доделувањето на „Оскари на популарноста“ во Бања Лука. Пејачката наградата ја доби за 50 години успешна кариера.

Во преполната сала „Борик“, Неда се заблагодари на присутните и го испеа хитот „Зора е“.

 

Во Бања Лука секоја година традиционално се одржува доделувањето на трофејот „Оскари на популарноста“ на пејачи од различни музички жанрови од целиот регион.

На оваа престижна манифестација покрај Неда Украден се појавија и познати музички имиња речиси од целиот Балкан како што се: „Тропико бенд“, Кики Лесендриќ, Ален Исламовиќ, Зорица Брунцлик, „Црвена јабука“ и многу други.
Please follow and like us:
Pin Share