Во изработка го имаат својот трет албум

Please follow and like us:
Pin Share

Бележат голем музички опус во целиот нивни јубилеен ангажман на македонската музичка сцена. Познатите штипјани од  “Бумбари бенд” имаат бројни отпеани песни во кои со посебен осврт се нагласува народната македонска песна. Во изминатите јубилејни 25 години имаат издадено и повеќе албуми со свои авторски песни.

-Имаме наши два албуми комплетни. Во изработка е веќе трет албум , се снимаат нови песни и со секој новитет најпрво би сакале да го промовираме тука во ИН тв. Се надевам дека наскоро ќе биде и третиот албум, истакнува Тони од “Бумбари бенд”.

Како што додаваат од “Бумбари бенд”соработката ќе продолжи и понатака со останатите музичари, а секако се јавуваат и како автори на новите песни од новиот албум кој се подготвува. Секако во преговори се и со некои други композитори.

-Сеуште ја немаме склопено целата замисла какви песни ќе се појават на новиот албум, би сакале од се по нешто но засега нека остане тоа мала тајна, додава Тони.

Оваа година “Бумбари бенд” одбележуваат јубилејни 25 години на македонската естрада.

Please follow and like us:
Pin Share