Неда Украден без шминка, филтри, свилени трепки, фотошоп

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Неда Украден која гордо ја гази седмата деценија од животот собира многу комплименти на сметка на изгледот, а тоа не е чудно бидејќи своевремено важеше за една од најубавите пејачки на Југославија.

Неда на социјалните мрежи се присети на тие времиња, па објави фотографија стара дури четири децении, која ги воодушеви нејзините следбеници.

Јас, 40 години претходно, Лондон, улица Оксфорд и сега! Без филтри, без фотошоп, без силикони, без лажни трепки, без надоградба на коса и вештачки образи! Тоа е што е, порача пејачката и објави уште една фотографија од сега каде исто така позира во природно издание.

И после пак кажете дека за некои жени годините се само бројка!

Please follow and like us:
Pin Share