Во населбата Центар, момче и девојка се најдени по пад од зграда, по што момчето го загубило животот додека девојката се бори за живот.
Едно младо момче го загуби животот, додека девојката се бори за живот, откако и двајцата се најдени пред зграда во Центар, по пад или намерен скок и обид за самоубиство.
Ова го објави Новатв, а според нивните информации, се очекува девојката кога ќе се разбуди да посведочи за деталите на трагедијата.
Како што се дознава од МВР, тие настанот не го класифицираат како обид за двојно самоубиство и очекуваат да се подобри состојбата на девојката.
Станува збор за љубовен пар, девојката е од скопската населба Аeродром и е вокалистка на познат скопски бенд.