Jack Daniel не престанува да вложува во својата кариера, па така и овој пат прави нешто ново и нешто сосем поразлично стилски од другите естрадни уметници во Република Македонија и пошироко

Please follow and like us:
Pin Share

Се работи на најнова песна и нов видео спот кој е при крај, а е со кадри кои се снимаа на повеќе локации. Австралија беше една од желбите на Jack Daniel, кој изрази задоволство да ја види како убавини на овој спот, додека екипата на ИН Продукција од Охрид беше дел со своја експедиција новогодишно за неколку концерти на Македонските артисти во Австралија, тој со директорот Ване Петковски добија идеа да реализираат кадри од таму, а се надева дека наскоро ќе ја прошета и во живо со свои концерти заедно со неговиот Story Band од Скопје. Аудиото е спремно уште на 21ви Декември 2022 година, во продолжена соработка со “The Music Studio” Скопје кај неговиот долгогодишен колега и соработник Горан Мирковски, воедно тој беше задолжен за аранжманот, мастерингот и миксот на новата тема “ЛАЖНА ВИСТИНА” со преубав допадлив текст на кантавторот Jack Daniel, кој истотака создаде безвременски теми како: “Те Сакам”, “Дојди, биди среќна”, “Опасна”, “Журка Лудило”, “Лажна Љубов”, “Авантура”, “Пуста да е печалба”, “Брезница е наша”, “Мало Плаво”, “Лутам по кафани” и сега најновата тема која ќе излезе овој викенд со наслов “Лажна Вистина”. До тогаш уживајте во краткиот приказ на темата, а промоцијата ќе биде на социјалните мрежи на Jack Daniel

Please follow and like us:
Pin Share