
Огњен, поранешен фудбалер на Црвена звезда и Стојан, кој играше за Војводина, на 20 јуни 2020 година ја нападнале брачната двојка Комљеновиќ.
Тогаш, во близина на подвижните скали, Огњен физички ги нападна Душан Комљеновиќ и Ања (тогаш Тртиќ). Тој со стисната тупаница го удри Душан во главата во пределот на лицето, при што му скрши три заби, а четвртиот му го оштети. Од ударот, Комљеновиќ падна по скалите од вториот до првиот кат. Потоа, ја турна Ана Комљеновиќ, која падна од ескалаторот и на тој начин скрши две ребра. Потоа Огњен се симна по скалите и повторно го нападна Комљеновиќ, а во тепачката се вклучи и 36-годишниот Стојан – пишува во пресудата според која Огњен мора да плати 3.000 евра, а Стојан 1.000 евра.
Жртвите побараа повисоки казни за напаѓачите, но судијата сепак одлучи дека тие треба да платат 4.000 евра и мора да ги сносат трошоците за судењето.
Огњен Врањеш во јавноста е познат како наводен љубовник на Јелена Карлеуша. Пред четири години во медиумите објави фотографии и видео од поп-ѕвездата, а потоа тврдеше дека со неа се гледа подолго време.
Иако Карлеуша изјави дека на суд ќе се сретне со Огњен, сепак тоа не се случи. Таа очигледно не го тужела, а тој ги отфрли сите тужби што ги покрена против неа, вклучително и онаа за клевета поради писмото што го објави на Фејсбук.
