
Неодамна, еден од нашите, во моментот, најактуелни пејачи, Ѓоко Јовиќ, заедно со членови од бендот беше гостин на една босанска телевизија.
Меѓу другото, во студиото се пееја и песни во живо со тамошен оркестар, а кога Ѓоко заедно со неговиот кумашин и член на “Енерџи Бенд” Александар Трајковски ја изведе нашата светски позната “Зајди, зајди” од Александар Сариевски, одекнаа овации кои траеја долго.
Она што е интересно и звучи изненадувачки, е тоа што, освен водителот, видно изненадени му се поклонуваа и тамошни пејачи кои со децении се перцепирани, и важат за балкански ѕвезди.
– Секоја чест. Ова е така убаво и суптилно пеење, секоја чест – рече пејачката Сања Малетиќ.
Погледнете ја изведбата:
https://www.facebook.com/officialstevanovski/videos/722672892041740/?t=3