На денешен ден во 2007 година во сообраќајна незгода загина македонската и балканската музичка мега-ѕвезда Тоше Проески

Please follow and like us:
Pin Share

Незгодата се случи на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка, во Хрватска.Проески отпеа многу македонски песни кои станаа хит. Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004), „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“- хрватска верзија (2007), а изведуваше и голем број странски хитови. Тоше беше амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, а постхумно е прогласен за почесен граѓанин на Македонија.

Please follow and like us:
Pin Share