Слоба Радановиќ повторно имал сообраќајна несреќа во Белград

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот Слоба Радановиќ имал мала сообраќајна несреќа во Белград.

Несреќата се случила во близина на стадионот на Црвена звезда, и за среќа никој не е повреден, пишува Пинк.рс.

Како што се наведува, станува збор за мала незгода, што не предизвика голема материјална штета, бидејќи автомобилот БМВ на Слоба и другото возило беа само „изгребани“.

Да потсетиме, Слоба доживеа несреќа во Белград пред седум месеци, а тогаш со него во автомобилот беше и неговата свршеница Јелена Ѓуричанин.

Инаку, Слоба неодамна откри дека го возел автомобилот на неговата партнерка.

– Мојот автомобил се поправа, затоа го возам на Јелена. Иако нејзиниот е одличен, морам да признаам дека ми недостига мојот. Поради короната, еден дел од Германија не можеше да стигне, но оваа недела ќе пристигне, се надевам – рече тој за „Ало“.

Please follow and like us:
Pin Share