Мите Стоилков со порака до новите музички таленти

Please follow and like us:
Pin Share

Македонскиот пејач Мите Стоилков во интервју за ИН ТВ раскажува за неговото учество во „Ѕвездите на Гранд“. Тој испрати порака до сите оние кои сакаат да бидат дел од вакво шоу.

Откако ја однесе победата на „Пинкови ѕвезди“ во втората сезона од натпреварувањето, македонскиот пејач и миленик на женската популација Мите Стоилков, реши да ја проба среќата и во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Мите за свој ментор ја избра српската пејачка Вики Миљковиќ, а до овој момент не престанува да ја воодушевува публиката и секако жирито на шоуто.

-Почетокот на 2020-та година беше навистина убав, започнав на Ѕвездите на Гранд после 4 години. Не очекувавме дека нешто вакво ќе се случи, мислам дека во 2021-ва ќе продолжи се да биде нормално. Ние веќе сме во тек и ги снимаме сите емисии таму, но сепак се надеваме дека се ќе се врати во нормала. Снимањето можеби ќе трае до јуни, јули, бидејќи овојпат Ѕвездите на Гранд ќе трае две години, не една како претходно. Има нови кандидати, па ќе видиме како ќе биде.-истакна Стоилков за естрадниот магазин Естрада плус.

Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Мите испрати порака до сите оние кои во иднина би сакале да се натпреваруваат во вакво шоу. Еве што им порача тој на новите музички таленти:

-Пред се е битна желбата и борбата нормално бидејќи мораш да се бориш за тоа што го сакаш. Искуството доаѓа само по себе, кога ќе се појавиш на самата сцена, искуството доаѓа само и јас не знаев како е. Претходно имав пријатели-колеги кои ми објаснуваа пред да одам, но искуството го стекнав сам. Имаше некои работи кои претходно на некој начин ги разбрав, ги научив, но не беше како кога бев на таа сцена и таму нормално е цел Балкан, не е само Македонија.-додава Мите, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Стоилков зад себе има и неколку авторски песни од кои : Прекрасната балада “Оди си”, потоа “Јави се”, “Аморе“, а секако не изостануваат и каверите на познати хитови кои постојано ги објавува на социјалните мрежи.

Please follow and like us:
Pin Share