Денеска се објавија номинациите на изведувачи за 63-то доделување на музичките награди Греми. На листата моментално доминира Бијонсе со 9 номинации помеѓу кои е сингл и песна на годината за „Black Parade“.

Веднаш зад Бијонсе се наоѓаат Тејлор Свифт, Дуа Липа и Роди Рич со по 6 номинации.
Тејлор Свифт, помеѓу останатото, е номинирана за албум на годината како и за најдобар поп албум – „Folklore“ и песна на годината – „Cardigan“.
Дуа Липа има номинации за албум на годината („Future Nostalgia“), сингл на годината („Don’t Start Now“) и најдобар поп албум („Future Nostalgia“).
Роди Рич е номиниран за сингл на годината („Rockstar“) и песна на годината („The Box“).
Организаторите на настанот најавија дека домаќин на доделувањето на наградите ќе биде актерот, водител и комичар Тревор Ноа.
„И покрај фактот што сум исклучително разочаран што организаторите на Греми наградите ја одбија мојата молба да пејам или да бидам номиниран за најдобар поп албум, воодушевен сум што сум домаќин на овој настан“, се пошегувал Ноа и додал дека ќе им биде поддршка на сите неверојатни уметници бидејќи знае како е кога нема да освоиш награда.
Доделувањето на 63-те Греми награди е закажано за 31 јануари 2021 година.
