Музичко шоу со добро одбрана македонска музика сними Игор Бежаноски во соработка со ИН Продукција. Покрај бројните музичари кои го придружуваат Игор во текот шоуто, специјални гости се едни од најдобрите македонски пејачи, Благоја Грујовски и Стојне Николова.

Охриѓанецот Игор Бежаноски во студиото на ИН Продукција сними свое музичко шоу. Овој мини концерт кој што ќе трае 50-тина минути ќе биде вистинско уживање за гледачите, а се состои од добро одбрани македонски народни песни, кои Игор ги одбра заедно со неговите соработници.
Во шоуто се вклучени голем број музичари од Охридско-Струшкиот регион, а специјални гости на концертот се познатата пејачка Стојне Николова и фолк пејачот Благоја Грујовски.

Стојне за оваа прилика ја одбра нејзината најнова песна со наслов “Новата Јас” која што беше изведена на годинешното издание на фестивалот Роса Фест.
-Завршивме одлична работа, снимивме убаво музичко шоу за кое се надевам дека ќе допре до јавноста и дека ќе донесе свежина и убаво расположение во сите домови во овие тешки мигови. Ние музичарите ги немаме нашите настапи, па еве преку овој мини концерт ќе се потрудиме да ги забавуваме нашите фанови и целокупната јавност. Благодарност до сите музичари кои беа вклучени во проектот, екипата на ИН Продукција и Благодарност до моите колеги Стојне и Благоја кои на мое огромно задоволство ја прифатија понудата да бидат дел од шоуто. Секако тука не запираме, за следниот период ви најавувам уште многу новитети.-изјави Бежаноски за естрадниот магазин Естрада плус.
Инаку, шоуто на Игор Бежаноски и пријателите, ќе биде емитувано во најскоро време премиерно на Сателитската ИН Телевизија.

