Многумина се посомневаа дека Сања од “Хурикејн” ја раскина навидум хармоничната емотивна врска со бодибилдерот Никола Ѓорѓевиќ кога сфатија дека ги избришала сите нивни заеднички фотографии од „Инстаграм“.

Сега пристигна и потврда од самата пејачка, која призна дека повеќе не се заедно.
-Почитувани новинари и следбеници, ние бевме во медиумска пауза последниот месец и не реагирав и не одговарав на прашањата што ми ги поставувавте подолго време. Често ме прашувате зошто избришав слики со моето поранешно момче од „Инстаграм“. Не сме заедно два месеци, не сме во контакт и се фокусирам исклучиво на себе, на мојата професија и работа, не ме интересира ништо друго освен тоа, откри Сања.

-Би сакала да истакнам дека раскинувањето се случи исклучиво заради презаситеноста и несогласувањето во карактерот и обврските. Ниту еден надворешен фактор не влијаеше на тоа. Сега ќе зборувам на таа тема и ќе ѝ ставам крај, благодарам, додаде на нејзиниот „Инстаграм“.
