Александар Тасевски од Оркестар Маестрал претстави инструменталки отсвирени на Ут

Please follow and like us:
Pin Share

Гитаристот на Оркестар Маестрал, Александар Тасевски, гостуваше во студиото на ИН Продукција каде што претстави две инструментални дела, овојпат отсвирени во живо на познатиот чалгиски инструмент Ут.

Како што открива за естрадниот магазин Естрада плус, Утот веќе три години се наоѓа во неговиот дом, но досега не го презентирал јавно и вели дека сега е време да претстави нешто во етно стил, токму во овој период кога има повеќе време да се посвети на овој инструмент.

Александар ја свири познатата македонска песна “Битола мој роден крај”, но и една авторска насловена “Гурбет” која што ја посветува на сите Македонци, каде и да се низ светот.

-Утот е стар чалгиски инструмент и е дел од целата староградска музика која што ја поседува Македонија. Имав голем мерак па го набавив и некоја година така го вежбав без да го презентирам и сега нешто во етно стил во овие времиња каде што цел Оркестар не можеме да се собереме, еве вака малку да презентирам некоја етно сеанса би рекол. Едната е мелодија од песната Битола мој роден крај на нашиот Битолчанец познатиот Ајри Демироски, во негова чест и во чест на сите Битолчани кои си ја сакаат Битола од старите времиња и затоа стилот на утот со таа инструменталка мислам дека добро се совпаѓа. Втората нумера е моја авторска и се вика Гурбет. За сите гурбетчии заминати во туѓина. За сите нашинци, Македонци, каде и да се во светот.-изјави Тасевски во интервјуто за ИН ТВ.

Тој вели дека коментарите што ги добил од оние кои досега ги слушнале инструменталките се доста позитивни, надевајќи се дека нема да застане тука и дека во следниот период ќе има можност да создаде уште нешто ново, заедно со неговиот Оркестар Маестрал.

-Коментарите се навистина дека е нешто интересно, бидејќи вака инструментална музика на Ут во Македонија досега не сме имале можност да видиме. Утот како инструмент да се покаже малку повеќе во етно светло. Се надеваме дека нема да останам на ова, ќе дојдат добри времиња кога со цел Оркестар ќе можи да се презентираме во секакво светло и со секаков вид на музика, бидејќи ние тоа и го работиме доста години.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Оркестар Маестрал за време на Новогодишните празници остварија турнеја во Австралија, каде што останаа месец дена.

Александар открива дека токму во Австралија произлегла и нова песна, која за жал поради состојбата со корона пандемијата сеуште не е снимена во студио.

Please follow and like us:
Pin Share