Кристина Бела : Не победив на шоуто, но победив во срцето на народот !

Please follow and like us:
Pin Share

Извонредната Кристина Бела, која потекнува од Романија, а живее во Америка, беше дел од шоуто “Никад није касно”, а стигна до големото финале. Таа во интервју за ИН ТВ, раскажува за нејзиното искуство од шоуто.

На јавноста е добропозната по нејзиното учество на српското шоу “Никад није касно”, каде што успеа да стигне до самото финале. Атрактивната пејачка Кристина Бела, која што поседува извонреден глас, при нејзиното гостување во ИН ТВ, го сподели нејзиното искуство од ова натпреварување.

-Беше многу интересно искуство, не беше лесно. Натпреварувањето никогаш  не би го повторила тоа да кажам, но многу ми помогна во кариерата. Ќе им се заблагодарам на Гранд Продукција и жирито кое што не поддржуваше во текот на целото натпреварување.-вели Кристина, за естрадниот магазин Естрада плус.

По социјалните мрежи и порталите имаше доста коментари од јавноста кои пишуваа дека Кристина требало да биде победник на ова шоу, а интересно е тоа што токму од нашата македонска Тијана Дапчевиќ, Кристина доби најмногу гласови и пофалби.

-Имаше навистина коментари. Дури и на улица луѓето ме застануваа и ме прашуваа кое место го добив. Јас им кажував, за жал овојпат не сум јас победник. Завршив на шестото место од тринаесет натпреварувачи. Но, јас победив во срцето кај народот и тоа ми е најважно. Тијана беше прекрасна низ целото натпреварување и на крајот ме изненади во позитивна смисла, ми даде 12 поени и заврши со зборовите…”За фантастичната пејачка Кристина Бела-12 поени”.-раскажува низ смеа, Бела.

Инаку, на наше огромно задоволство Кристина нејзиниот прв спот одлучи го сними во прекрасниот Охрид, а видеото го изработи ИН Продукција. Спотот е за нејзината песна “Haljina Cezne”.

Please follow and like us:
Pin Share