Сузана Спасовска ќе промовира нов албум со три цд-а

Please follow and like us:
Pin Share

Сузана Спасовска при неодамнешното интервју за ИН ТВ најавува бројни изненадувања за публиката. Во следниот период таа ќе промовира албум кој ќе се состои од три цд-а.

Добропознато е дека нашата легендарна фолк пејачка Сузана Спасовска никогаш не мирува. Таа секој момент го користи да сними нешто ново и да ги изненади нејзините фанови. При неодамнешното интервју за ИН ТВ, Спасовска најави нови песни и промоција на нов албум со три цд-а.

-Моите шест цд-а излегоа со мојата малечка монографија од 120-130 страници и веќе наредно е ново цд, односно албум од три цд-а, а ќе следуваат уште неколку изненадувања кои што не можам да ги откријам бидејќи секогаш ме копираат. Затоа сега ќе си молчам и само ќе ве изненадам.-истакна Сузана, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Сузана е директор на Лешочкиот Фестивал кој што и оваа година помина доста успешно, а за следното јубилејно издание таа најавува бројни новитети.

-Секоја година имаме некој новитет, само треба да се следи работата. Инаку следната година ќе биде нашиот јубилеј, 10 годишнина на Лешочки Фолк фест. За следната година веќе отсега започнуваме со работа за следниот фестивал бидејќи е навистина напорно, треба време, треба финансии-додава Сузе, за гледачите на ИН ТВ.

Иако поддршката за фестивалот е навистина мала, тие сепак успеаа и годинава да го организираат во најдобар ред и како што вели Спасовска тие се среќни и задоволни поради тоа.

 

Please follow and like us:
Pin Share