Група Тандеми го најавуваат вториот албум

Please follow and like us:
Pin Share

За следниот период, момците од група Тандеми го најавуваат нивниот втор албум. Како што велат тие, песните се скоро комплетирани.

Група Тандеми периодов беа сконцентирани на бројните ангажмани, но и на промоцијата на нивниот Летен хит, “Пет до девет е”. Спотот за оваа песна се снимаше на повеќе локации низ Скопје, во соработка со ИН Продукција. При неодамнешното интервју за ИН ТВ, вокалот на групата, Горан, ни откри дека наскоро планираат да промовираат и втор албум. Песните, како што вели тој се скоро готови и одбрани, но се чека да одлучат кога е најпогоден момент за негова промоција.

-Ние можеме да го издадеме албумот во септември или октомври. Подготвени се сите, тие се песни кога ни заврши Дај заиграј цд-то. Тука се Илино моме, Гурбет, Ај друштво мое, Не барај ме, Пет до девет е, Цакана, Љубиш-Лажеш. Имаме доста песни и може да го комплетираме кога сакаме. Но ќе видиме.-истакна Горан, за естрадниот магазин Естрада плус.

Тие во месец февруари ќе одбележат 20 години од нивното постоење на македонската сцена. Големиот јубилеј ќе го одбележат со пригодна свеченост.

-Не се малку, стварно се премногу. За концерт не знам дали ќе направиме, но тоа би требало да го одбележиме. Инаку од составот, јас, Кире и Дејан сме цели дваесет години, дувачот Кире ни е малку подоцна дојден мислам дека е отприлика 8 години со нас и Љупчо хармоникашот затоа што имавме некои измени, тој е отприлика 3 години. Тешко е да се работи бидејќи сме различни карактери. Знаете организацијата е голема, дали за спот, дали за песна, дали за снимање кавери, а сите си имаме обврски.-додава тој.

Инаку, група Тандеми се познати по нивната енергичност и важат за едни од најбараните македонски групи.

Please follow and like us:
Pin Share