Бројни новитети за јубилејното издание на Лешочки Фолк Фестивал најавува Спасовска

Please follow and like us:
Pin Share

Бројни новитети за јубилејното издание на Лешочки Фолк Фестивал, најавува Сузана Спасовска. На фестивалот може да се пријави секој кој што сака да биде дел од него.

Сузана Спасовска во интервју за ИН ТВ открива дека веќе започнуваат подготовките за следното издание на Лешочкиот Фолк Фестивал. За ова јубилејно издание најавува бројни новитети.

-Секоја година имаме некој новитет, само треба да се следи работата. Инаку следната година ќе биде нашиот јубилеј, 10 годишнина на Лешочки Фолк фест. За следната година веќе отсега започнуваме со работа за следниот фестивал бидејќи е навистина напорно, треба време, треба финансии. Имаме многу мала поддршка, но ете и оваа година ја истеравме работата и многу сме среќни и задоволни поради тоа.-истакна Спасовска, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Таа вели дека на фестивалот може да се пријави секој оној кој што сака да биде дел од овој настан, а пред се, да ужива во прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица.

-Значи секоја година ќе има и нови пејачи, некогаш помлади има повеќе, некогаш помалку. Некогаш има повеќе легенди. Секако имаме место за сите кои што сакаат да бидат дел од овој фестивал, од оваа прекрасна атмосфера, од овој прекрасен амбиент во Лешочкиот манастир. Убаво е сите верници да се тука на овој ден, да си запалат свеќа за здравје, за љубов и убавини, но и да ги проследат новите песни на Лешочкиот Фолк Фестивал.-додава Сузана, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Спасовска за следниот период најавува и нови песни, односно голем број изненадувања за нејзината публика.

Please follow and like us:
Pin Share