Екстра бенд плус годинава ќе се појават на фестивал

Please follow and like us:
Pin Share

Фестивалски настап за годинава планираат од Екстра бенд плус од Кавадарци. Освен тоа, откриваат дека во најскоро време ќе следи и проект со убави македонски песни.

Екстра бенд плус од Кавадарци имаат големи планови за годинава. Тие при неодамнешното интервју за ИН ТВ, најавија настап на некој од фестивалите кои што се одржуваат низ земјава.

-Други наши планови се тоа што сакаме да излеземе на некој од фестивалите, дали Роса Фест, дали Валандово сеуште незнаеме. Истотака да направиме и еден проект со наши колеги од естрадата и еден чекор погоре-откриваат од бендот за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Екстра бенд плус важат за едни од најангажираните бендови во Македонија. Нивните ангажмани, најповеќе се на семејните прослави низ целата земја, но често се застапени и низ локалите во Тиквешкиот регион.

Се надеваме дека 2019-та ќе биде уште поуспешна и се надеваме дека ќе направиме еден добар проект со ИН Продукција.-додаваат оттаму.

Проектот, како што велат е планирано да се сними во најскоро време, со цел гледачите и публиката да уживаат со убава македонска песна во нивна изведба.

Please follow and like us:
Pin Share