Марјан Коцев стана татко по втор пат

Please follow and like us:
Pin Share

Марјан Коцев доби син. Фолкерот убавата вест ја соопшти на социјалните мрежи.

Познатиот фолк пејач, Марјан Коцев стана татко по втор пат. Гордиот татко оваа вест ја соопшти на социјалните мрежи, со саканата уште еднаш станале родители, овој пат на машко бебе.

-Дуња си доби братче, Данило, а ние со мама Билјана си добивме уште едно ангелче. Фала мама!– напиша пејачот во објавата за убавата вест.

Инаку, Марјан и неговата сопруга веќе ја имаат нивната ќеркичка Дуња која од приложеното може да се види дека е пресреќна за братчето кое и го подарија мама и тато.

Please follow and like us:
Pin Share