“Нишка љубовна, со низа ноти проткаена”-Доста успешен проект на група Милениум

Please follow and like us:
Pin Share

Група Милениум се презадоволни од нивниот проект кој носи наслов “Нишка љубовна, со низа ноти проткаена”. Тие велат дека сеуште добиваат позитивни коментари од јавноста за овој проект кој е во соработка со ИН Продукција.

Минатата година го реализираа проектот “Нишка љубовна, со низа ноти проткаена”. Група Милениум при гостувањето во емисијата “Наша сцена”, го истакнаа нивното задоволство од проектот, како и од соработката со ИН Продукција.

-Тој проект добро помина, доста слушан кај колегите и слушателите. Аранжманот на песните го правеше колегата Владимир, ние свириме сите, се е отсвирено во живо. Снимено е во соработка со ИН Продукција, засега добро поминува и уште се слуша.-вели Стевче Колески, еден од членовите на група Милениум.

Тие откриваат дека проектот го подготвувале цела година, додавајќи дека се презадоволни бидејќи за иститот сеуште добиваат позитивни коментари од јавноста.

-Проектот се состои од 7 песни, цела година се подготвуваше. Имавме проби, вежбавме, снимавме па дури се најде местото, локацијата кадешто се снимаше, битно добро помина комплетно. Ние сме задоволни и од реакциите и коментарите кои ги добивме.-додава тој при интервјуто за ИН ТВ.

Група Милениум во моментов ја остваруваат нивната прва турнеја во Австралија. Очекувања се пред се да си поминат убаво, но и да бидат одлично прифатени и од нашинците таму.

Please follow and like us:
Pin Share