Тони Димитриоски открива : Потекнувам од музичко семејство

Please follow and like us:
Pin Share

При интервју за ИН ТВ, познатиот виртуоз на труба Тони Димитриоски, открива кога и како започнала неговата љубов кон трубата, а воедно и музиката.

Пред извесно време во студиото на ИН Продукција гостуваше познатиот виртуоз на труба Тони Димитриоски, кој потекнува од Македонија, а живее и работи во Австралија. Тој при интервјуто ни ја раскажа неговата музичка приказна, односно кога и како започнал со свирење труба.

-Јас сум од музичко семејство. Татко ми е и ден денес активен свирач. Исто и брат ми, тој беше прва хармоника во Австралија на 17 години, па се подразбираше дека и јас ќе станам свирач. Имавме една стара труба дома, па татко ми како родител сакаше да станам трубач и ми ја даде така ја пробав, одма сфатив дека ми лежи и имав желба да сум свирач, поради тоа што потекнувам од музичко семејство тоа ми беше навика од дете.-истакна Димитриоски за естрадниот магазин Естрада плус.

Тој вели дека сака да ја негува народната музика бидејќи е македонец, додавајќи дека преку музиката сака да ги зачува неговите корени.

-Покрај тоа бев прва труба на Телевизиски Радиски Оркестар, бев таму скоро од 14-15 години, а на 18 години добив прва труба и на многу натпревари и настапи. Со нив продолжив до скоро 23 години, додека го завршив факултетот и после тоа искрено народната музика повеќе ја засакав. Поради тоа што сум македонец, се гордеам со тоа и сакам да си го зачувам нашето.-додава тој при интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, периодов Тони ги остварува бројните ангажмани кои ги има во Австралија, а овие денови преку социјалните мрежи можевме да погледнеме фотографии од неговите настапи заедно со познатиот фолк пејач Благојче Стојановски Туше кој во моментов е во Австралија.

 

 

Please follow and like us:
Pin Share