Енрике Иглесијас во уста бакна обожавателка која се качи на сцената

Please follow and like us:
Pin Share

Светски познатиот пејач Енрике Иглесијас на концерт во Украина бакна обожавателка во уста која се качи на сцената.

Додека популарниот латино-пејач изведувал еден од своите хитови, девојката истрчала на сцената, а откако му го дала подарокот, го бакнала пејачот во уста, но не очекувала дека тој ќе ѝ возврати на ист начин.
Таа од среќа со рацете цврсто го држела околу вратот, а фановите со сета сила врескале додека Енрике ја бакнувал девојката. Бакнежите на сцената се само дел од шоу-програмата на Енрике и не ретко ги практикува на своите настапи.

Инаку, Енрике е во долгогодишна љубов со поранешната руска тенисерка Ана Курникова, а популарната двојка во декември 2017 година доби близнаци.

Please follow and like us:
Pin Share