Влатко Миладиноски : Од година во година бројот на настапи се зголемува !

Please follow and like us:
Pin Share

Влатко Миладиноски вели дека бројот на настапи во земјава, но и надвор од неа, од година во година се зголемува. 2018-та е веќе букирана со голем број свадби и семејни прослави, а во моментов Влатко е во преговори за неколку турнеи во подалечните земји.

Од година во година се зголемува бројот на настапи како во Македонија, така и надвор од неа. Влатко Миладиноски презадоволен од годината што измина, се надева дека и 2018-та ќе биде доста успешна и исполнета со ангажмани.

-2017-та морам да се пофалам ми почна со доста турнеи, феврури месец бев во Канада, за Велигден имавме неколку настапи во Швајцарија и Германија, двапати бев Турција, но имав и мно гу приватни веселби. Морам да кажам дека бројот од година во година многу ни се зголемува, така да од 2017-та сум презадоволен, а знаците за 2018-та се уште похрабри од претходната.-истакна Миладиноски.

Влатко открива дека во моментов има неколку преговори за турнеи, конкретно за Австралија и Америка.

-Малку направивме ние пауза од 4-5 години од Австралија, од некои наши причини, меѓутоа и ние, а и менаџерите оттаму помисливме дека е вистинско време за да се вратиме, така да се надевам дека ќе се реализира според плановите.-додава тој.

Покрај преговорите и плановите за овие турнеи, Влатко вели дека веќе се резервирани и голем број датуми за свадби и семејни веселби во земјава.

Please follow and like us:
Pin Share