Татијана Стефановска најавува снимање на уште еден спот, а нови песни кон крајот на годината!

Please follow and like us:
Pin Share

Татијана Стефановска ќе направи кратка пауза од снимање нов материјал. Според неа најпрво треба да одлежат песните кои ги промовираше изминатиов период. Таа најавува уште спот за Валандовската песна, а нови песни кон крајот на годината.

Изминатиов период помина доста работно за фолкерката Татијана Стефановска, која покрај големиот број настапи, сними и неколку нови песни, како и спотови. Таа при гостувањето во ИН Продукција истакна дека перидов ќе одмара и нема да снима нов материјал, бидејќи според неа не е добро да се промовираат повеќе песни за краток временски период.

-Во моментов не планирам снимање на песна, затоа што изминатиов период ми се собраа дури и повеќе песни отколку што треба да се снимаат во еден временски период. Значи тие двете нови Си одам и Посебна. Се изработија еве и спотови за истите. Подоцна излезе и Валандовската песна сеуште немам одработено спот за таа песна. Не е ни толку добро повеќе песни да излезат наеднаш.-вели Стефановска.

Таа најавува уште снимање спот за песната “Кажи срце” со која настапи на Валандовскиот фестивал, а потоа ќе направи кратка пауза. Како што додава таа, новиот материјал ќе следи кон средината или крајот на годинава.

-Ретки се и медиумите коишто ги пренесуваат новите песни. За една песна да стане хит не значи дека веднаш после снимањето ќе биде хит, меѓутоа еве да се заврши со снимање на видео запис за песната од Валандовски фестивал, ќе направам некоја пауза, па некаде кон средината или кон крајот на годинава веќе ќе почнам да снимам песни, но најпрво да легнат овие што ги имам веќе снимено.-додаде фолкерката при гостувањето во емисијата “Промо”.

Нејзиниот најнов спот за песната “Си одам”, кој беше промовиран деновиве, наиде на доста позитивни коментари од јавноста. Таа не го  криеше задоволството од соработката со ИН продукција, која започна неодамна.

Please follow and like us:
Pin Share