“Велат не нема, ама еве сме, македонски песни гордо пееме”-Стихови кои ја расплакаа публиката на “Гоце Фест” !

Please follow and like us:
Pin Share

“Велат не нема, ама еве сме, македонски песни гордо пееме”, ова се дел од стиховите на победничката песна од Влатко Миладиноски. Стихови, кои ја расплакаа публиката на “Гоце Фест”. 

Влатко Миладиноски ја освои публиката на овогодинешното издание на “Гоце Фест” со песната “Велат не нема”. Како што истакна тој, фестивалот го следел многу години, меѓутоа судбина било да настапи за првпат годинава.

-Како и секогаш за аранжманот се погрижи мојот брат Златко Миладиноски, меѓутоа музиката и текстот на мое изненадување и задоволство ми стигна повик од Австралија, Тоде Новачески кој е многу познат, негова е музиката, а текстот е исто на наш македонец кој живее во Австралија, Крсте Наумоски-Мечкар. Добив повик од нив, ми ја предложија песната пред неколку месеци, ја бендисав на прво слушање, па снимањето се поклопи со Гоце Фест, исто и тематиката на песната.-вели Миладиноски.

Покрај првото место од публиката, Влатко доби специјална награда од Здружението на деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија, како и наградата за најдобар сценски настап. За одличната кореографија на сцената се погрижија играорците од КУД Блажески, кои одлично изгледаа во автентичните носии од Егејскиот дел.

Соработници се Новица Василевски на кларинет, Филип Нунески-труба, Орце Лазаров-бас, Даме Коларовски-тапани, а песната е снименa во студио “Анастасија”.

-Да речам многу искрено кажано. Велат не нема, а ние тука сме, навистина чудно како може, нели може се да кажат, ова е само една анегдота. Навистина велат дека не нема, ама ние тука сме и тука ќе останеме, како што вели песната. Оваа песна, како и сите други е направена искрено од срце и се надевам дека ќе им се допадне на гледачите.-додаде Влатко, во интервју за ИН ТВ.

Во продолжение, погледнете го целосниот видео запис од прекрасниот настап на Влатко, кој го изработи ИН Продукција !

Please follow and like us:
Pin Share